Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Трипуновски: Уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за истото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
cvetan-tripunovski

Во прес центарот на Собрание на Република Македонија, се обрати Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер на МЗШВ. По неговото обраќање Трипуновски одговараше и на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите во целост:

— реклама —

Цветан Трипуновски: Ние уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за истото. Останатите во текот на утрешниот ден и првата работа што ќе биде наша обврска како министри односно дополнителни технички министри ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно од внатре и веднаш ќе се заложиме да преземеме некои чекори кои што ќе значат подобро утре за македонските граѓани.

          Прашање: Како ги коментирате вчерашните и денешните прераспределби и што се вели штанцање на решенија во МВР?

— реклама —

          Одговор на Наќе Чулев: Приоритетна цел во наредниот период на мене како технички министер за внатрешни работи на Република Македонија пред се ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори и за таа цел ќе бидат превземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање на евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период ќе бидат во соработка со меѓународни организации  и други државни институции во Република Македонија ќе бидат превземени активности за стабилизација на државата и за заштита на уставниот поредок и безбедност  на граѓаните. Што се однесува до последните  решенија кои се дадени во изминатите три дена вклучително и во текот на  денешниот ден сметам дека ни треба еден период на согледување на состојбата во Министерството за внатрешни работи и за најмногу за неколку дена ќе излеземе со официјално соопштение во однос на најголем дел незаконски дадени решенија.

          Прашање: Ќе имате ли доволно време до пред изборите да направите ревизија на можеби исплаќањата за кои се шпекулира дека популистички се прават сега точно пред изборите за да се купат гласови и слично? И дали ќе ставите вето на кое што имате право?

          Одговор на Гордана Димитриеска Кочоска: Ние од моментот кога ќе влеземе во министерството, ќе почнеме со работа и она за што граѓаните треба да бидат сигурни е фактот дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот. Исто така, се што ќе биде за поткуп на изборни цели ќе биде стопирано. Значи, ќе работиме само во рамки и согласно законот. Ништо надвор од тоа.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања