Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трипуновски: Власта купува пченица по цена 25 проценти повисока од берзанската, над 1 милион евра ќе завршат во приватни џебови!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pcenica

Додека народот е гладува, владата со народни пари купува пченица, по цена 25% повисока од берзанската, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

„Во два наврати, Агенцијата за стоковни резерви троши околу 9 милиони евра, за набавка на 20.000 тони пченица. Цената која ја плаќаат за килограм оди дури и над 26 денари за килограм. Односно над 6 денари поскапо од тоа што се тргува на регионалните берзи.

Имено на 24.08.2022 и 25.08.2022 година, Агенцијата склучува два договори во вредност од 4,4 милиони евра и двата, за набавка на 10.000 тони пченица, едниот со фирмата Агроглобал трејд ДОО Скопје, а другиот со Кокра Е Арт од Тетово.

— реклама —

Месец и половина подоцна, на 04.10.2022 година, Агенцијата повторно склучува договор со фирмата Кокра Е Арт од Тетово, исто така за набавка на 5.000 тони печница, овој пат за вредност од 2,1 милион евра, а само два дена подоцна на 06.10.2022 година склучува уште еден договор, исто така за набавка на 5.000 тони пченица во вредност од 2,2 милиони евра, овој пат со фирмата Млин Аргулица од Карбинци.

И во двата случаја се извршени по две набавки, вкупно 4 на број, и набавени се 20.000 тони пченица. Цената на килограм пченица во еден договор е околу 26 денари, а во трите други над 27 денари за килограм.

Целиот случај отвора сериозен сомнеж за огромни профити кои завршуваат во нечии џебови, ако се земе во предвид дека берзанската цена на пченицата во Србија изнесува околу 20.5 денари за килограм, ако на тоа се стави и цена на транспорт која е околу 2 денари за килограм, доаѓаме до цена за килограм не поскапа од 22.5 денари. Но во случајов цената која ја плаќа Агенцијата е над 6 денари повисока од цената која е на берза од замислете дури за 8 денари повисока од македонската пченица.

Со ваквите договори се создаваат над 1 милион евра, пари за кои се сомневаме дека ќе завршат во приватни џебови, а можеле да бидат заштедени.

— реклама —

Од тука се поставуваат неколку логични прашања:

Зошто Владата кога веќе имала пари не извршила интервентен откуп на македонската пченица од македонските производители согласно Законот за земјоделство каде јасно стои дека ако просечна откупна цена е помала од производната цена како што е во конкретниов случај. Па во овие кризни ситуации за македонските земјоделци можела и да ја плати по цена како што ја плаќа српската.

Понатаму, дали со оваа набавка од 20.000 тона пченица е извршена целосна пополнетост на стоковите резерви од кој според закон би требало да обезбедат покриеност на потрошувачката на пченица за 120 дена?

— реклама —

Како и зошто Љупчо Николовски од позиција на министер за земјоделство не испреговарал пониска цена или цена приближна до берзанската?

И на крај, доколку навистина владата и СДС се грижеше за македонските земјоделци, тогаш ќе се откупеше македонската пченица и наместо парите да се изнесеа надвор од државата, ќе останеа во државата и ќе се реинвестираа во домашното производство.

Го повикувам Љупчо Николовски да излезе пред јавноста и да даде одговор пред македонските земјоделци во чиј џеб завршат овие еден милион евра и зошто не се откупи македонска пченица.

Почитувани,

— реклама —

Криминалот и корупцијата со СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски метастазира во секоја пора од општеството.

Власта краде дури и од храната за граѓаните, и тоа мора час поскоро да заврши.

Одговорност мора и ќе има“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања