Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трипуновски: Заев и Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

„Република Македонија лани не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ, нема ни оваа година. Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент. Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство.

— реклама —

Европската Комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи.

Производителите на домат и зелка во струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број на складишни капацитети, производителите  ќе ги складираа своите прозиводи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период.

Во поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, е задржана истата оценка која ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години. Тука СДСМ нема направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.

— реклама —

Во поглавје 13 -се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај. Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту пак имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ.

Почитувани,

— реклама —

Извештајот е уште еден доказ дека Зоран Заев и за него успешниот министер Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа! Земјоделците низ државата со мака и голема работа не можат  да си ја обезбедат ниту егзистенција. Безнадежноста која ја креираа СДСМ, Заев и Николовски веќе се отсликува во се попразните села, необработените ниви и се помалку земјоделци во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада“, вели Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања