Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Трипуновски: Заев шета по црвени теписи, а над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tripunovski

Додека Љупчо Николовски менува функции, а Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување. Иако сезона за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување  земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо.

— реклама —

Љупчо Николовски и Зоран Заев мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?

— реклама —

Министерството за земјоделство и Зоран Заев директно удираат по џебот на земјоделецот и го прават земјоделското производство не рентабилно.

— реклама —

Власта во изминативе две години покажа целосна негрижа, некадарност и отсуство на одговорност кон македонските земјоделците.

Потребна е голема метла која ќе го измете Зоран Заев и неговата влада, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања