Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трипуновски: Земјоделците се незадоволни од новиот модел на субвенционирање кој го презентираше власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-11-27-144857

Денес сум на средба со земјоделците во општина Крушево, поточно во населеното место Бучин. Од она што сакам да го пренесам и да ги информирам медиумите и јавноста е дека и овде како и во другите делови на Република Македонија имаме загрижувачка состојба со секторот земјоделство. Земјоделците и во овој регион потенцираат дека и оваа година имаат сериозен проблем со пласманот на земјоделските производи и меѓу другото оние субвенции кои што треба да ги добијат од државата , не се ниту навремени, ниту пак се исплатени во целост на земјоделците, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Практично каде и да се појавиме во Република Македонија, катастрофалните и погубните политики на власта секаде се чувствуваат. Покрај моменталната економска ситуација, двоцифрена инфлација, поскапиот живот, земјоделците се соочуваат со необезбеден пласман и се доведува во прашање егзистенцијата во наредниот период кој ќе биде исклучително тежок.

— реклама —
— реклама —

Она што сакам да го упатам како апел од овде и онаа критика која што ја најавија земјоделците од овој регион, е новиот модел на субвенционирање кој што го презентира власта за од 2023, дека ќе биде уште полоша ситуацијата и ќе ја усложни состојбата и од овие години во кои се наоѓаат земјоделците. Тој нов модел на субвенционирање практично е неприфатлив и ќе значи дополнително намалување и на субвенциите и згаснување на земјоделството како гранка.

— реклама —

Апелот до власта е уште еднаш да се преиспита во делот на новиот концепт на субвенционирање, а она што значи конкретни мерки е во наредниот период до крајот на годината да ги доисплати сите субвенции што ги нема исплатено и за сточарите и за полјоделците и за сите оние земјоделците кои егзистираат во овој регион“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања