Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Трипуновски: Земјоделците се уште ги чекаат субвенциите кои што им значат приход

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Tripunovski-27-08-2019-mediumi

Втор ден молк од МЗШВ и Владата на Република Македонија во врска со 65 - те милиони евра долг во Програмата за финансиска поддршка за земјоделците. Финансиска поддршка која се уште земјоделците ја чекаат. Земјоделците се уште ги чекаат субвенциите кои што им значат приход, и им значат егзистенција за семејства, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека земјоделците чекаат исплата на субвенции, откупот и пласманот е катастрофално лош. Земјоделецот е оставен без никакви средства за егзистенција, а власта наместо да им помогне им се заканува и ги заплашува земјоделците, кои што си ги бараат ветените и заслужени субвенции.

— реклама —

Ситуацијата е алармантна. Заев не успеа да ги исплати ниту редовните субвенции, ниту дополнителните мерки кои што требаше да ја ублажат загубата која што ја претрпуваат земјоделците од цела Република Македонија.

— реклама —

Нема ништо од дополнителнителната субвенција од 1 денар која што им ја ветија на лозарите од Тиквешијата, 3 – те денари на јаболкарите од ресенско се уште ги чекаат, производителите на познатата пиперка ајварка се уште си ги чекаат своите 3 – те денари по килограм продаден род, исто како и сливарите од повеќе региони во државата, оризарите од кочанскиот регион се уште ги чекаат ветените 5 денари за продаден килограм ориз, исто така и мелничарите, млеко производителите, сточарите, и сите други земјоделци се излажани од оваа власт си ги чекаат редовните и дополнителните субвенции.

— реклама —

Веќе три години земјоделците се соочуваат со намалени приходи и егзистенција која што е под знак прашалник. Откуп нема, кога го има цените се ниски, а субвенциите не се исплаќаат.

Господине Заев како мислите дека земјоделците може да преживеат со своите семејства? Дали знаете дека земјоделците не го продаваат својот род, напротив го предаваат, се со цел да обезбедат минимални средства за егзистенција на своите семејства.

Господине Заев ги донесовте до питачки стап земјоделците, а за тоа ќе одговарате пред граѓаните на наредните предвремени парламентарни избори. Затоа истите треба да се случат час поскоро, затоа  што е потребна обнова на Македонија, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања