„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Трипуновски: Зоран Заев го доведе Тиквешко езеро на праг на биолошки минимум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dsc03

Зоран Заев го доведува Тиквешкото езеро, кое е најголемото вештачко езеро во Република Македонија на праг на биолошки минимум.  Незаситноста на власта за профит и засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидро електрани ги пресуши езерата ширум Република Македонија. Моментално водата во езерото е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Проблемот што Заев го создаде е повеќестран. Прво езерата се пресушени и нема да може да се користат во догледен период за производство на струја, па така сега ќе купуваме поскапа струја, а загубите ќе бидат огромни.

— реклама —

Второ голем број од акумулациите, како што е случајот и со Тиквешкото езеро се користат и за наводнување на земјоделските површини, па така се доведува во прашање и следната земјоделска сезона во Република Македонија.

Трето се загрозува и рибниот фонд во самото езеро и се нарушува туристичката слика за езерото, бидејќи истото се користи и за рекреативни цели.

За овој егзодус некој мора да сноси одговорност. Штетите се повеќекратни и огромни.

Заради профитот на Зоран Заев сега сите езера во Македонија се пресушени.

Одговорност мора да има веднаш, истакна Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања