Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трипуновски:Калиманско езеро е десеткувано, и е доведено до раб на пресушување заради алчноста на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika-2-1

Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата.

Калиманското езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Трипуновски додаде:

Претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја во летниот период придонесе Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении.

— реклама —

Езерото не е оперативно. А иста е состојбата низ цела држава. Доколку зимото кое е пред нас нема доволно врнежи се доведува под знак прашалник дали воопшто ќе биде исполнет капацитетот на акумулацијата. А со тоа се доведува во прашање како понатамошното производство на струја од истото, така и наводнувањето на земјоделските површини долж реката Брегалница од Виница и Кочани па се до Велес односно со тоа се загрозени директно илјадници земјоделци кои што егзистираат од оваа дејност.

— реклама —

Зоран Заев и СДСМ ја ставаат цела држава во залог. Македонија тоне со СДСМ.

— реклама —

За оваа проблематика веќе алармиравме во текот на пролетта, но ниту тогаш ништо не се презема и затоа сме денес каде што сме.

Потребен е итно стратешки пристап на проблемот, со аматеризам со кој пристапува СДСМ само се влошува состојбата со акумулациите ширум Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања