ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Тркалезна маса за водоснабдување и отпадни води

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ денеска организира тркалезна маса на тема „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води во Република Македонија преку евидентирање на клучните предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни и препораки за нивно надминување“.

— реклама —

На траклезната маса ќе присуствуваат претставници од јавните комунални претпријатија, министерствата, инспекторати, Регулаторната комисија, Швајцарска развојна агенција, Делегација на ЕУ во РМ, Германско друштво за меѓународна соработка.

Секторот за водни услуги поминува низ реформски процес кој беше инициран со потребата да се усогласи националното законодавство со соодветните Директиви на ЕУ или пак од потребата за подобрување на ефикасноста на работењето на јавните комунални претпријатија (ЈКП) и обезбедување долгорочна, пред сè, техничка и финансиска одржливост на квалитетни услуги за корисниците.

— реклама —

Според организаторот, во овој сектор потребно е вклучување и ефективна координација на голем број засегнати страни во државата. Секторот се одликува со слаби технички и финансиски перформанси и за нивно подобрување потребно е да се обезбедат соодветни човечки, технички и финансиски капацитети, како на централно така и на локално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања