Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Тројца браќа под истрага за обид за убиство на полициски службеник во Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pistol_001

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство (во обид) од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело – Убиство (во обид) и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 од Кривичниот законик.

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против три лица – браќа на возраст од 43 години, 29 години и 22 години за настанот што се случи на 2 февруари во близина на градските гробишта во Велес, лоцирани кај црквата „Свети Спас“.

— реклама —

Оштетениот полициски службеник во СВР Велес заедно со негова колешка во цивилна облека вршеле работни задачи кои се однесуваат на спречување и откривање на сторители на кривични дела Тешка кражба поради зачестената појава на насилно одземање на предмети – чанти и паричници од лица ги посетуваат гробиштата на своите блиски.

На критичниот ден оштетените биле забележани од тројцата пријавени со кои било и едно дете. Тројцата пријавени се доближиле до оштетените, а едниот од нив физички го нападнал оштетениот полициски службеник.  Потоа му се придружиле и неговите двајца браќа. Во еден момент тие го турнале оштетениот на земја, па еден од нив се борел со оштетениот, додека другите двајца и задале неколку удари на оштетената. Детето ја задржувало оштетената да остане настрана и ја оневозможило да му помогне на колегата.

— реклама —

Еден од осомничените му го одзел на оштетениот службениот пиштол и додека оштетениот бил паднат на грб од пиштолот испукал три куршуми кон него, нанесувајќи му прострелни рани во пределот на стомакот и ногата. При испукувањето од пиштолот настанал застој, па оштетениот искористил момент да стане и да се оддалечи од местото на настанот.

Осомничениот со пиштолот започнал да го брка и да трча по него, успеал повторно да го оспособи и репетира пиштолот и повторно испукал еден куршум во правец кон оштетениот.

До судија на претходна постапка при Основниот суд во Велес е поднесен Предлог за определување на мерка притвор за осомничените лица.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања