Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Тројца кувајтски војници повредени по напад врз база со американски персонал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library7087nb4bdemu2uvm2fJ

Тројца припадници на вооружените сили на Кувајт се повредени во напад врз воздухопловна база во која престојува американски персонал, соопшти кувајтското Министерство за одбрана. Нападот се случил, како дел од иранската одмазда по американско-израелските удари.

— реклама —

Портпаролот на Министерството, полковник Сауд Ал-Атван, изјави дека војниците биле повредени од остатоци што паднале врз базата „Али Ал Салем“, откако противвоздушната одбрана пресретнала балистички проектили и беспилотни летала.

— реклама —

„Остатоците паднаа врз воздухопловната база ‘Али Ал Салем’ по пресретнувањето на балистичките проектили и дроновите. Притоа, тројца припадници на вооружените сили се здобија со полесни повреди, а настаната е и одредена материјална штета“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Освен воената база, напади погодиле и меѓународниот аеродром во Кувајт. Управата за цивилно воздухопловство потврди дека и таму има полесно повредени лица.

— реклама —

Претходно, Министерството за здравство соопшти дека вкупно 12 лица се повредени за време и по нападите, но засега не е прецизирано дали во таа бројка се вклучени и тројцата повредени војници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

Иран сè уште располага со до 2.500 балистички ракети и покрај американските и израелските напади

Свет | пред 4 дена

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Експлозии и сирени во Бахреин, Иран тврди дека нападнал американска воена база

Свет | пред 4 дена

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања