Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Тројца возачи со над 1,50 промили алкохол уапсени во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB
ФБ

Четири лица биле лишени од слобода при засилена сообраќајна контрола во Скопје, од кои тројца управувале возило со повеќе од 1,50 промили алкохол во крвта, а едно лице возело без возачка дозвола.

— реклама —

Акцијата ја спровела Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во текот на ноќта меѓу 17 и 18 октомври, од 21 до 3 часот, на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода.

— реклама —

При контролата биле откриени вкупно осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тројца од нив биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 промили.

Уште едно лице било лишено од слобода поради истото кривично дело, бидејќи управувало возило без возачка дозвола.

— реклама —

Од МВР информираат дека против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави. Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

— реклама —

МВР апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила под дејство на алкохол и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 6 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 6 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања