Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тројца возачи уапсени во Гостивар и Тетово, сите возеле без дозволи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Тројца возачи се лишени од слобода во Гостивар и Тетово откако полициските проверки покажале дека управувале возила без возачки дозволи.

— реклама —

На 17 септември во 17:45 часот, во населбата Циглана во Гостивар, полицајци го лишиле од слобода Б.А. (26) од Гостивар. При сообраќајна контрола бил запрен мопед со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола. Мопедот бил одземен.

— реклама —

Истиот ден околу 19:55 часот, на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полицијата извршила увид по сообраќајна незгода во која учествувало возило „смарт“, управувано од Л.Ф. (22) од село Чегране. При преземените мерки било утврдено дека и тој управувал без возачка дозвола. Возилото било одземено, а Л.Ф. бил лишен од слобода.

— реклама —

Во Тетово, пак, на 18 септември околу 00:10 часот, на улицата „Тодор Циповски Мерџан“, бил лишен од слобода Ш.Р. (34) од Тетово. Тој бил затекнат како управува „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки без возачка дозвола. И ова возило било одземено.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на трите случаи, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Приведен маж баран со судска наредба, спроведен во затворот во Тетово

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library8skjdshdqgaucEmWe69

Нелегално копале во гостиварско за да најдат злато, четворица лишени од слобода

Македонија | пред 3 часа

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Македонија | пред 3 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Скопје | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања