Промени тема
Контакт

Трошоците за живот се екстремно покачени, а владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uciliste

Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата вели дека дава покачување на платите од 10%, во ситуација кога млекото се покачи за над 80%, зејтинот за над 110%, горивата за над 70%, струјата за над 30%.

Трошоците за живот се екстремно покачени, а владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување.

— реклама —

Владата наместо со половични решенија треба да ги исполни барањата на СОНК, тие се минимално неопходни за обезбедување нормален стандард на наставниот кадар.

Македонија е можеби единствена земја во Европа каде наставниците имаат плата пониска од просечната плата.

— реклама —

Платата на еден наставник е далеку помала од синдикалната кошничка.

— реклама —

Платите во образованието мора да се зголемат. Владата да изврши нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието.

Ковачевски наместо да им се заканува на СОНК, да ги исполни нивните барања. Наставниците се еден од столбовите на општеството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања