Ослободување од работните обврски на трудниците и постарите од 60 години. Во градинките да нема физичка активност а децата да не бидат на отворено од 11 до 17 часот.
Во истиот период да не работат и градежните работници. Овие препораки доаѓаат од Министерството за здравство бидејќи од денес па во наредните 7 дена земјата ќе биде во портокалова фаза, односно топлотен бран со многу високи температури. А граѓаните веќе ги чуствуваат последиците од пеколните горештини.
Дупло е зголемен бројот на повици кон Брза помош. Лекарите велат дека граѓаните се жалат на вроглавици, зашеметеност и варирање на крвниот притисок. Екипите денеска интервенирале кај десетина скопјани кои колабирале на пазар, авобуска постојка и во црква.
-Имаме интервенирано на пазари, на постојки во црква, им се слошило од високите температури. Секако дел од нив по потреба се транпортирани во болница, вели др. Весна Неделковска раководител на смена во Брза Помош.
На вакви горештини не треба да работат и градежните работници за што вчера апелираше и Сојузот на Синдикати, кој побара од работодавачите да ги заштитат вработените.од топлотните бранови. Но камерата на Сител регистрираше дека денеска кога беше најтопло, градежници со машините беа на на скопските улици.
Лекарите од Брза помош велат дека физичка активност и градежни активности кога е најтопло може да доведе до сериозни здравствени компликации.
-Не се препорачува, мора да бидат возилата климатизирани, да не се работи бидејќи доаѓа до прегревање на телото а секако може да дојде и до други ризици меѓу кои и мозочен и срцев удар, вели др. Неделковска.
Седење дома од 11 до 17 кога е најтопло, многу течности, лесна храна и соодветна облека се дел од препораките на лекарите.
Освен здравствениот аспект, поради високите температури од ЈП Национални шуми од денеска воведоа делумна забрана за движење во шума поради зголемената опасност од пожари на отворено.