Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Туфегџиќ: Стоилковски да се извини за навредите кон жените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Коалицијата најостро го осудува чинот на шовинизам и говор на омраза од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кон министерката за финансии Нина Ангеловска.

— реклама —

— реклама —

Потегот на Стоилковски е срамен, неодговорен и недоличен, особено кога станува збор за портпарол на најголемата опозициска партија.Ги повикуваме пратеничките и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ги осудат шовинизам и сексизмот во објавата на Стоилковски.Истовремено, го повикуваме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го осуди и да се огради од ваквиот срамен чин на портпаролот на неговата партија, истакна Ивана Туфегџиќ , пратеничка од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ.

— реклама —

Ваквото укажување на шовинизам и сексизам, го уназадува и оневозможува секој обид за нормална дебата за политики базирана на аргументи.Бараме Наум Стоилковски, веднаш да се извини, не само на Ангеловска, туку на сите жени кои извршуваат јавна функција, а кои со неговото однесување ги навреди.Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на градење на концептот едно општество за сите, општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.

Во Северна Македонија, не смее и и нема да има простор за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените, истакна Туфегџиќ. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања