Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Туфегџиќ за случајот „Онкологија 1“: Очекувам целосна дискредитација на обвинението

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“ во Кривичниот суд во Скопје. Пред рочиштето, адвокатот на докторката Симонида Црвенкова, Владимир Туфегџиќ, изјави дека словенечкото вештачење според него е направено врз основа на селективна и нецелосна документација, каде не биле земени предвид претходните болести на пациентите, лекувањето во други клиники како ни македонските протоколи за лекување рак.

— реклама —

„На денешната расправа јас очекувам целосна дискредитација на обвинението бидејќи се докажа дека стручниот наод и мислење е направен врз основа на селективна и нецелосна документација, не се земени предвид претходните истории на болеста на пациентите, лекувањето во други клиники како ни операции и препораки во таа смисла. Понатаму, не се земени предвид националните протоколи на Македонија и она што е најбитно, вештакот се согласи дека во конкретниот случај се работи за лекување на метастатски рак кој е неизлечива болест и се потврди дека искусните онколози знаат еден месец пред настапувањето на смртта дека ќе настапи смрт на пациентот. Во постапката се докажува дека доктор Симонида правилно постапувала и го продолжила периодот за преживување повеќе од двојно кај секој пациент според стандардите потврдени со научни студии. Ова што го слушаме во судница е тема за некој национален или светски конгрес на онколози, но не за судска постапка – изјави Туфегџиќ.

— реклама —
— реклама —

Туфегџиќ додаде дека самото стручно лице од Словенија потврдило дека се работи за метастатски рак кој е неизлечлив и смртниот исход е сигурен, односно предвидлив.

— реклама —

„Самото лекување, применетиот медицински третман треба да биде во рамките на националните препораки кои ги применувале нашите лекари. Надвор од тоа не може да се бара никаква одговорност. Сите знаеме во каква кондиција е нашето здравство и во судница бевте присутни кога кажав дека ја бранам доктор Црвенкова, нејзините чест и углед, но ги бранам честа и угледот на здравствениот систем на Македонија“, рече Туфегџиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

„Нема поголемо задоволство кога ќе ги слушнете своите жалбени наводи во пресудата“ – Туфегџиќ за ослободувањето на Боки 13

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryt4m8b0v4hps07kdjsky

„Шарената револуција прво се пресмета со студентите, а во Србија тие се носители на промените“, вели Туфегџиќ

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Скандал со дипломи и наводни закани кон сведок: Туфегџиќ бара одговори од МОН

Коментари | пред 3 седмици

media-library2v26j2tv6tku5oaxWlH

„Новиот притвор на Деко нема да ги смени работите“: Туфегџиќ вели дека судењето за „Пулс“ ќе биде долг и болен процес, предлага раздвојување на постапката

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања