Тунтев: Создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден воздухопловен систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Коментари
Tomislav-Tuntev-e1511275814886-780x439

На македонското небо просечно се реализираат по 15 илјади летови месечно, а во врвните периоди на сообраќајно оптоварување дневниот број понекогаш достигнува и до 1.000 операции. Минатата година на двете македонски воздухопловни пристаништа беа прифатени и испратени повеќе од два милиона патника, а во наредните четири години се очекува овој број да достигне три милиони. Ваквиот прогнозиран интензивен пораст на физичкиот обем на сообраќајот не‘ обврзува да градиме и создаваме услови за развој на ефикасен и безбеден национален воздухопловен систем, целосно интегриран во европската воздухопловна транспортна мрежа, вели во интервју за МИА Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

— реклама —

Според него, Македонија нема економски одржливи перформанси и финансиски потенцијали да размислува за формирање на т.н. национален авиопревозник, односно дека не постои економска оправданост за развој на, како што вели, еден таков застарен концепт. Сепак, посочува, доколку се појави сериозен инвеститор во областа на воздушниот транспорт кој би сакал да влезе на меѓународниот пазар со современи воздухоплови во македонскиот регистар, и доколку државата препознае економски интерес за заедничко вложување или друг вид на јавно-приватно партнерство во авиобизнисот, тогаш АЦВ ќе биде целосно подготвена во рамки на нејзината надлежност да ги реализира сите неопходни активности тоа да го овозможи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања