Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Тупанчески: Она што го кажа Лајен влева надеж дека сме на вистинскиот пат по кој се движиме во однос на реформите во правосудниот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-1

Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното гостување во дебатната емисија 24 Анализа рече дека она што го кажа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен на прес конференција влева надеж, оптимизам дека сме на вистинскиот пат.

— реклама —
— реклама —

,,Траекторијата по која се движиме во моментов е вистинската патека до која што треба да се стигне..Извештајот за напредокот во нашата држава е компломентарен и содржи повеќе сегнменти.Посебно се апострофирани неколку корпуси на прашања, едниот од нив е правосудниот систем , вториот корпус на прашања се однесува на борбата против корупцијата , третиот корпус е борба против организиран криминал и четвртиот , тероризмот и насилниот екстеремизам. Значи сублимат или заедничка карактеристика на сите овие подрачја што ги спомнав е дека има умерено подобрување“,рече Тупанчески.

— реклама —
— реклама —

Министерот за правда се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати.Република Северна Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држави според „Индексот на владеење на правото“ на вашингтонската невладина организација ,,World Justice Project” што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место,потенцира Тупанчески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања