Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето на Топ тема на Телевизија ТЕЛМА се осврна на активностите кои се преземаат од страна на министерството за подготовката на нов Изборен законик.Се очекува до крајот на месецот политичките партии и граѓанските организации и здруженија да делегираат свои членови во новата работна група со која ќе претседава експерт а можно е да се вклучи во целиот процес и странски експерт.
„Јас се обидувам колку што може повеќе да го афирмирам начелото на инклузивност, сите засегнати страни да бидат дел од што се нарекува нов Изборен законик.Колку ќе успеам во тоа не зависи само од мене затоа што се знае колку се моите ингеренции“ ,рече Тупанчески.
Тој се осврна и на барањето на опозицијата за предвремени избори велејќи дека тоа е легитимно право, но дали сето тоа ќе влијае на процесот на носење на нов Изборен законик се ќе зависи од тоа колку ќе се издигнеме над ситуацијата затоа што овој закон се носи за во иднина и не би смеело да се дозволат пропусти или недостатоци кои ги имало непосредно пред избори што доведувало до инстантно менување на Изборниот законик.
Во однос на евентуално одржување на лидерска средба, Тупанчески рече дека како министер и како професор е противник на такви средби.
„Лидерската средба според мене е суспензија на правото, се договараат 4 или 6 или не знам колку луѓе, како понатаму?Да, тоа можеби така изгледа доколку ја гледаме површината на нештата дека помага или е алгоритам да стигнеме до некое поместување , меѓутоа дефинитивно лидерските средби и според форма и според содржина значат суспендирање на основните принципи на владеење на правото“,рече министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната емисија Топ тема на ТЕЛМА .
За потсетување:
Најческа за Тупанчески: А лепенче со пчеличка на рачето му ставиле? Мислам да не се расплаче
Професорката Мирјана Најческа која порача дека министерот за правда Никола Тупанчески треба да биде разрешен, се смее на одлуката која ја донесе вицепремиерката задолжена за спроведување на Етичкиот кодекс, Славица Грковска, да му изрече писмена опомена.„Ахахахахаха. Писмена опомена. Ахахахаха. А лепенче со пчеличка на рачето му ставиле? Мислам да не се расплаче.Гонете се бре. Која бре верба во власта ја очекувате? Не разбирате дека од главата смрди и од главата треба да почне да владее правото“
Македонија | пред 4 години
„Не ги сфаќам зошто се избрукаа за авионче, билет и хотел“, Јоци за патувањето на Тупанчески, Фетаи, Нанев
По информациите дека министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев, летале гратис до Италија, односно на трошок на Фудбалската федерација, реагираше новинарката Јорданка Ивановска Јоци.„Да се вратеа од Италија со некое бесно ,,Ферари" од 200.000 јура и гратис вила од екс мафијаш покрај море, да сфатам зашо кријат сметки од „приватното" патување во Палермо.Вака за гратис авионче и билет, некои и хотел, на таа пара што ја земаат - сериозно не ги сфаќам
Коментари | пред 4 години
„Тупанчески не е свесен дека ако не отидеше во Палермо, немаше да знам дека е министер“, Јоци за арогантниот однос
Политикологот и новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци го коментираше континуираното правдање на министерот за правда Никола Тупанчески. Тој цела недела во јавноста пласира изјави преку одредени медиуми, дека си го платил патувањето во Палермо, Италија. Но, никогаш не го докажа тоа. Па така, во „Трилиг“ посочи дека не треба на новинарите да им доставува докази.„Срам немаат тројцата! Арогантни и неподносливо присутни во етер, уште и уште ја дразнат јавноста со своите изјави како ете - не примиле покл
Коментари | пред 4 години
Јаулески за Тупанчески: Брука! Прво сами си ја платиле, па после натпреварот уплатиле, па негираа по телевизии и правеа кловнови од себе за на крај да си признаат
Пранитекот Јован Јаулески го коментираше признавањето на министерот за правда, Никола Тупначески, кој по две недели за „А1он“ кажа дека не платил за чартер-летот и за билетите на трибните во Палермо.„Прво сами си ја платиле, па после натпреварот уплатиле, па негираа по телевизии и правеа кловнови од себе за на крај да си признаат.Велеше и дека нема да поднесе оставка затоа што не го прекршил етичкиот кодес, сега признава дека го прекршил. Па, ќе поднесе ли Тупанчевски оставка?На сликите од триби
Коментари | пред 4 години
Тупанчески треба да биде веднаш разрешен, а ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ да расправа за достоинството на професијата, смета Најчевска
Министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. За ова, со коментар се јави професорката Мирјана Најчевска.„Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за дост
Коментари | пред 4 години