Промени тема
Контакт

Тупанчески:Слободни новинари, слободно општество, а со измените на предлог Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се гарантира слободата на изразување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tupanceski

„Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство.Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција и заштита на демократијата во сите сегменти од општеството“, порача министерот за правда Никола Тупанчески по повод Светскиот ден на слобода на медиуми.

„На граѓаните им се потребни точни, навремени и проверени информации. Само квалитетно, одговорно и етичко новинарство може да доведе до развој на демократијата, инклузивно и отпорно општество. Со цел подобрување на состојбата, Министерството за правда преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе овозможи да се гарантира слободата на изразување. Ова е еден од најлибералните закони во Европа чие второ читање ќе се најде пред пратениците на 5 мај на собраниската Комисија за европски прашања.Клучниот аспект на законот е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

— реклама —
— реклама —

Казната за новинар од 2000 евра се намалува за износ не поголем од 400 евра.ЗА уредник од 10 000 на 2000 евра додека за правно лице, досегашната казна од 15 000 евра се намалува за износ не поголем од 5000 евра.Пред поднесување на тужба за надоместување на штетата, се воведува право да бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

— реклама —

Им го честитам на медиумските работници Светскиот ден на слободата на медиумите и им порачувам дека Владата и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно , професионално и достоинствено извршување на новинарската професија“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања