Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Турција ја посетиле 25,8 милиони туристи во првата половина од годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryojnammhdvtbb9HvB7NS
unsplash

Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, ги претстави резултатите од туристичкиот сектор за првата половина од 2026 година, истакнувајќи дека земјата ја посетиле 25,8 милиони странски туристи, а приходите од туризмот достигнале 25,8 милијарди американски долари.

— реклама —

Ерсој посочи дека регионалните тензии на Блискиот Исток и глобалната неизвесност влијаеле врз туристичката побарувачка во првите шест месеци од годинава.

Иако Турција не беше директно вклучена во конфликтите, а аеродромите и авиокомпаниите работеа непречено, затворањето на воздушниот простор над делови од Блискиот Исток предизвикало благо намалување на бројот на туристи.

— реклама —

Во истиот период минатата година Турција ја посетиле 26,4 милиони туристи, додека годинава нивниот број изнесува 25,8 милиони.

— реклама —

„Втората половина од годината ја започнавме многу успешно и очекуваме значително подобри резултати до крајот на годината. Благодарение на стратешките мерки, успеавме да ги задржиме приходите од туризмот на нивото од 2025 година“, изјави Ерсој.

Просечниот престој на туристите е зголемен за 0,5 проценти и сега изнесува 10,01 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќевање пораснала за 2,6 проценти и достигнала 109 американски долари.

— реклама —

Најголем број посетители и натаму доаѓаат од Русија, со 2,65 милиони туристи, следуваат Германија со 2,44 милиони и Обединетото Кралство со 1,58 милиони посетители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 5 дена

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 6 дена

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања