Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe
unsplash

Турција планира значително проширување на својата нуклеарна енергетска програма, со изградба на шест нови реактори во близина на градот Синоп, на брегот на Црното Море.

— реклама —

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за соработка со турската државна компанија „Туркије Нуклеер Енерџи“ за изработка на студија за изводливост на проектот. Канадската компанија предлага изградба на шест реактори од типот „Енхансд Канду 6“, со вкупна моќност од 4.500 мегавати.

— реклама —

Договорот бил потпишан за време на климатскиот самит COP31 во Анталија, а студијата треба да биде завршена до крајот на 2027 година.

Турција истовремено преговара со Канада, Јужна Кореја, Кина и Русија за нови нуклеарни проекти. Покрај електраната во изградба, која ја гради руската компанија „Росатом“, Анкара планира уште две нуклеарни централи.

— реклама —

Јужна Кореја минатата недела потпиша меморандуми за соработка со Турција во енергетскиот сектор и финансирањето нуклеарни проекти.

— реклама —

Канадската технологија „Канду“ се користи во Романија околу 30 години, а компанијата „АткинсРеалис“ поднела понуда и за изградба на нова нуклеарна електрана во Полска. Извршниот директор Ијан Едвардс оценил дека реализацијата на проектите во Полска и Турција би создала нов нуклеарен енергетски екосистем во Источна Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 6 дена

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 6 дена

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања