Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Турција забранува социјални мрежи за лица под 15 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
zabrana

Турскиот парламент во средата навечер донесе закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи за лица под 15 години, објави турската новинска агенција Анадолу.

— реклама —

Според новите правила, малолетниците под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните медиуми, а дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат системи за проверка на возраста.

— реклама —

Законот предвидува и засилена родителска контрола, при што родителите ќе имаат алатки за следење на времето што децата го поминуваат на интернет. Дополнително, во случаи на „итни ситуации“, платформите ќе мора да реагираат во рок од еден час при појава на штетна содржина.

Законот ќе стапи во сила шест месеци по неговото објавување во службениот весник, соопшти Анадолу.

— реклама —

Во меѓувреме, прашањето за ограничување на пристапот на деца до социјалните мрежи станува сè поактуелно и во Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна предложи младите да имаат „ден без интернет“ за да се поттикне враќање кон активности како читање и спорт.

— реклама —

И претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, заедно со лидери на 12 земји членки на ЕУ, меѓу кои Германија, Италија, Шпанија и други, разговарале за можни ограничувања на пристапот на деца до социјалните медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 5 дена

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 5 дена

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања