„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Турчин продавал фалсификувани чевли „Левис“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
levis

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против M.Ч.(40) од Република Турција, со место на живеење во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавениот М.Ч. во текот на 2018 година склучил договор за користење под закуп на подрумски простории во куќа на ул.„Антон Попов“ за потребите на неговото правно лице, кое се занимава со дистрибуција и продажба на електрични материјали.

— реклама —

Меѓутоа, во просториите тој складирал и 184 пара фалсификувани чевли од марката „Левис“, без да има договор со овластен застапник на оваа заштитена марка на територијата на РСМ.

Чевлите биле пронајдени при претрес во изнајмените простории, извршен врз основа на судска наредба. При претресот, исто така, биле пронајдени и други 1392 парчиња чевли кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена во магацин за чевли во Скопје. Сите пронајдени предмети биле одземени од пријавениот и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања