„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Турчинка шверцувала злато од Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mkd-381349

— реклама —
 Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истрага против 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато и тоа дваесет и едно парче накит со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари. Таа откако пристигнала со лет од Истанбул, се упатила кон излезот на преминот каде поминуваат патници кои немаат стока за пријавување. По што, при селекција од страна на царинскиот службеник и преглед на личниот багаж била пронајдена непријавената стока.

— реклама —

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека се исполнети законските основи, па достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје и со Решение е определен притвор против осомничената во времетрење од триесет дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања