Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Турчинот осомничен за силување на скопјанка е истиот кој беше условно осуден пред три месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
333490902_225334379904004_3094143630315206353_n

Турчинот на кого МВР вчера му поднесе кривична пријава за силување е Сонер Арслан. На јавноста, скопското Обвинителство им е познат. Станува збор за манијакот кој беше гонет дека се самозадоволувал пред девојчиња и жени во автобуси и пред влезови на згради. За ова, пред три месеци беше осуден на условна казна, изречена од судијката Љубинка Башевска.

— реклама —

Силувањето, според полицијата, го сторил во декември минатата година. „Макфакс“ дознава дека е откриен преку ДНК анализа. Според извори во истрагата, неговата ДНК била најдена на маицата од девојчето на возраст од 24-години. Ја допирал по телото, по што се самозадоволил, а траги од семената течност имало и на нејзината облека.

Скопјанката не е негова прва жртва. Претходно, пет други девојчиња беа оштетени во постапката што се водеше против него. Најмладата имаше 19 години. На рочиштето, на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, ветуваше дека нема да го повтори делото и бараше поблага казна.

— реклама —

Судијката од Кривичниот суд, Љубинка Башевска во март, му изрече условна казна. Посочи и дека ова му е последна шанса да остане на слобода.

— реклама —

„Му утврдуваме казна затвор која нема да се исполни ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Ова му се последна шанса и последен момент“, рече судијката Башевска.

Обвинителката Лидија Раичевиќ, која го гонеше Арслан му се обрати директно на обвинетиот Сонер Арслан, на кого му посочи: „Не е доволно да се извиниш, да покажуваш полов орган – не смееш, побарај стручна помош“.

— реклама —

Инаку, станува збор за 30-годишен маж. Живее во с.Пагаруша, општина Студеничани. На судењата кои претходно се водеа, кажуваше дека е верен, како и дека планира свадба. Посочи и дека неговиот татко е во лоша здравствена состојба. Судот беше дециден дека ќе биде контролиран дали оди на психијатриски прегледи и дали ги почитува напатствијата на судот дадени во пресудата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања