Туристичките работници: „Државата да покаже дека ни е партнер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
turisticki-rabotnici

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, беа само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници.

— реклама —

Туристичките работници апелираа дека веќе пет месеци не работат и не остваруваат никаков профит, поради што не можат да ги подмират тековните трошоци и обврски, а доведена е во прашање и нивната егзистенција. Доколку ваквата ситуација продолжи, ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

Тие пред Владата уште еднаш ги искажаа своите барања и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за вработување.

— реклама —

Денеска Стопанската комора за туризам упати нови барања до Министерството за економија за втор сет мерки за поддршка за секторот, меѓу кои се и продолжување на мерката субвенционирање на плати (14.500,00ден) и придонеси до крајот на 2020г. со измена за 100% покривање на трошоците за придонеси, во дејностите Туризам и Превоз, ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020г., како и субвенционирање на зелен картон за автобусите и минибусите за 2021 година.

Иако уште во јуни директно ги доставија барањата во Министерството за економија, а потоа уште еднаш апелираа на сериозноста на ситуацијата, туристичките работници попладнево повторија дека очекуваат Владата да одговори конкретно како може да помогне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања