„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Туристите разочарани: „Миланo е полнo со Кинези, Атина запоставена, а Дубровник...“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
hrvatska-dubrovnik

Еден од најдобрите начини да ги избегнете туристичките стапици кога патувате е да читате книги или форуми каде патниците споделуваат совети, фотографии и искуства, а токму на Reddit можете да најдете дискусии за најизненадувачките европски градови, без разлика дали се пријатни или непријатни.

— реклама —

На пример, корисниците на Редит забележуваат дека Пловдив во Бугарија е неправедно запоставен и дека е многу подобро да се оди таму отколку Софија.

На листата на градови кои беа непријатно изненадување се најде Дубровник, пред се поради гужвата и премалку места за поминување време, како и Цирих поради недостапните луѓе. Членовите на форумот се советуваат да го посетат Дубровник напролет, кога нема гужви, цените се поповолни, а времето е топло.

— реклама —

„Можете да најдете многу интересни места во Атина, но таа е во голема мера запоставена, а Ливерпул ми е сив и депресивен“, пишува еден од корисниците.

Тој ја препорачува Виена, „најчистиот град што некогаш го посетил“, потоа Венеција, без разлика на туристите, но никого не би советувал да го посети Закопане во Полска.

„Во Милано бев изненаден од големата кинеска заедница, како и од најстариот кинески кварт во Европа, каде јадев вкусна кинеска храна“, пишува турист од Германија. Други членови на форумот рекоа дека кинескиот кварт во Милано нуди одлични места за јадење, како што е Равиолерија Сарпи.

"Неапол ме изненади позитивно. Иако е хаотичен и валкан, а сообраќајот е кошмар, мислам дека е посебен, има многу кул атмосфера и посебна убавина. Негативно изненадување беше Брисел. Со оглед на тоа што неофицијално е главен град на Европа, срамота е некои делови од градот да се запуштени и грди“, вели корисник на Редит од Германија, кој ја пофалил и Варшава, каде што живеел една година како студент. Тој беше изненаден од чистотата на улиците, како и од интересната мешавина на историја и модерни карактеристики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

horoskop1

Хороскопски знаци кои најмногу сакаат да патуваат и да го истражуваат светот

Магазин | пред 4 дена

ganikj

Инспекција влезе во компанијата со која граѓани поминаа патешествие од Истанбул до Скопје

Македонија | пред 3 месеци

ganikj

(Видео) Македонски туристи поминаа голгота: вчера ги убедуваа да продолжат со автобус за кои тврдеа дека е исправен, сега и сами признаваат дека не бил

Македонија | пред 4 месеци

zlatni-rat-promena-plaza

Оваа земја минатата година не беше ниту во топ 10, а сега е најбараната дестинација во светот

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања