„'Туркиш ерлајнс' разочарување на векот сте“ - сведоштво за откажан лет до Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Компанијата „Туркиш ерлајнс“ се почесто има проблеми со летовите, вклучувајќи ги и тие од Македонија. Доцнат, се откажуваат, а следните се веќе преполни. Месеци наназад, има и јавни реакции. Последна во редот е инфлуенсерката Миа Костова. Таа сведочи низ што поминала чекајќи да се врати во Македонија. Нема детали од која дестинација патува.

— реклама —

„Откако вчера ги откажаа апсолутно сите летови од 18 часот до утрово, не полетаа околу 12.000 луѓе, откако не возеа со бус до хотел на 50км од аеродром (саатипол), на принцип кој си фати бус негов е а во игра се 12.000 луѓе, хотелот катастрофа, го откажаа и следниот утрински лет за Скопје, пошо сигурно авионот им треба за побитни дестинации, откако ништо нема да рефундираат (луѓе добиле цели 9 евра за оброк) , денешниот вечерен лет е овербукт (наполнет), најава за уште еден авион нема. Или, на кратко: ВизЕр за Туркиш е Катар! Turkish, разочарување на векот сте“, напиша Костова.

Ова предисвикува финансиски импикации за патниците. Практично, доколку се патува на одмор, патниците плаќаат за смештај кој не го користат - а парите не можат да ги рефундираат. Доколку пак доаѓаат дома, во Македонија, имаат проблем со враќањето на работа со оглед дека патуваат и по плус два дена.

— реклама —

Вакви ситуации имаше и во текот на летниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања