Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Турски државјанин обвинет за неовластена трговија со хашиш масло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
maslo-hasis

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот Скопје од Виена и се упатил на излезот „зелен канал“ наменет за патниците кои немаат ништо да пријават за царинска контрола. Притоа бил селектиран за контрола и запрен од царинските службеници. При извршена проверка во неговиот багаж биле пронајдени десет шишиња со по 10 мл. хашиш масло, едно бело пластично шише без етикета со волумен од околу еден литар наполнето со хашиш масло, како и еден мал стаклен сад во кој исто така се наоѓало хашиш масло со тежина од 2,1 грама.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања