Промени тема
Контакт

Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод, убиени 14 пирати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryt01un804g9469k4t9ol
unsplash

Турски и сомалиски специјални сили го ослободиле товарниот брод „МВ Лутуф“, кој бил киднапиран во близина на сомалискиот брег. Во операцијата биле убиени 14 пирати, а ослободени се сите 10 членови на екипажот и двајца обезбедувачи.

— реклама —

Бродот, кој е во сопственост на турска компанија и плови под знамето на Камерун, бил киднапиран на 17 август во близина на регионот Нугал. Напаѓачите го насочиле кон Пунтланд.

— реклама —

Според сомалиското Министерство за одбрана, заедничката операција за ослободување на бродот траела десет дена. Покрај 14-те убиени пирати, биле уништени и четири нивни чамци, додека преостанатите напаѓачи биле принудени да го напуштат бродот.

По ослободувањето, „МВ Лутуф“ безбедно го продолжил пловењето. Во составот на ослободениот екипаж имало турски, шест индиски и еден грузиски државјанин.

— реклама —

Операцијата била спроведена во рамките на договорот за одбранбена соработка меѓу Турција и Сомалија, чија цел е зајакнување на поморската безбедност, заштита на сомалискиот брег и борба против пиратството, тероризмот и шверцот на оружје.

Во последниот период Турција значително го засили своето воено присуство во Сомалија. Турскиот парламент во јули го продолжи мандатот на турските вооружени сили во земјата за уште две години, а Турција обезбедува обука, советување и техничка поддршка за сомалиските сили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

brod

Драма во Истанбул: Брод скршнал од курсот и удрил во сè што му се нашло на патот

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryknandf57f814d3uRcq8

(Видео) Ученичка нападнала со нож ученици во училишен двор во Истанбул, осум деца повредени

Свет | пред 4 дена

media-librarydom8hskft3nt081cx6p

(Видео) Зеленски: Руски дронови погодиле турски брод во Црното Море, загинал капетанот

Свет | пред 5 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,5 степени ја погоди источна Турција

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања