Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Турскиот извоз е во пад, Русија ја престигна Кина како најголем снабдувач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt
unsplash

Турскиот извоз во мај забележа остар пад од 9,5 проценти на годишно ниво и изнесуваше 22,46 милијарди долари, покажуваат прелиминарните податоци од турскиот Завод за статистика.

— реклама —

Во истиот период, увозот се намалил за 10,8 проценти и достигнал 28,07 милијарди долари.

По падот на извозот и увозот, трговскиот дефицит на Турција во мај изнесувал 5,6 милијарди долари, што е за 15,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани.

— реклама —

Германија е и натаму најголемиот извозен пазар за турските производи, но вредноста на испораките значително се намалила – од 2,96 милијарди долари во мај минатата година на 1,71 милијарда долари годинава.

— реклама —

По Германија следуваат САД, Велика Британија, Италија и Шпанија, а овие пет пазари сочинуваат речиси 30 проценти од вкупниот турски извоз.

Кај увозот, Русија ја презеде водечката позиција од Кина и стана најголем снабдувач на Турција, со извоз во вредност од 3,76 милијарди долари, додека увозот од Кина изнесувал 3,43 милијарди долари.

— реклама —

На третото место меѓу најголемите увозни партнери е Германија, пред САД и Италија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 4 дена

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања