Советникот во Советот на општина Охрид Џанер Исмаил кој во советот влезе коалицирајќи со ВМРО ДПМНЕ оценува дека во Охрид неговата заедница има помеѓу 2500 и 3000 гласачи. Доколку бројките со кои калкулира Џанер се точни, тогаш неговата партија во Охрид немала потреба да коалицира со никоја друга партија и сама на изборите би освоила помеѓу два и четири советници.За разлика од Џанер, неговиот сонародник Илхан Рахман е повоздржан и коментира дека во отсуство на попис кој не е спроведен две децении тешко е прецизно да се зборува за бројки, но нагласува дека.Од политичарот Ресул Шемо не успеавме да добиеме став по ова прашање. Според наши сознанија во коалицијата на СДСМ Шемо придонесува со околу 2500 гласови, а тука е и Ахмет Пател кој според нивните калкулации допринесува со околу 2000 гласови.Една изборна единица ги ослободува помалите заедници од политички коалицииДоколку земјава биде една изборна единица, помалите етнички заедници ќе може сами да изберат свои пратеници во парламентот, а со тоа ќе се ослободат од потребата да коалицираат со големите партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
Според последниот попис спроведен пред 20 години во Македонија живеат над 80 000 Турци, кои се гласачко тело разбиено во шест изборни единици и никако сами неможат да изберат пратеник, па затоа скоро 30 години тие се во коалиции со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Доколку дојде до промена на изборниот модел, нивните партии ќе може сами да настапат и да изберат свои пратеници ( сигурно ќе се неколку ) и сами ќе се борат за своите интереси или општо за интересите на граѓаните во собранието, без да мора предизборно да коалицираат со големите партии.
фото: Архива