ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тутунарите на протест пред Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tutunari-2

По неколкуте неуспешни средби со министерот за земјоделие и со премиерот Зоран Заев, тутунарите најавија дека заедно денеска ќе излезат на протест пред Владата од каде велат дека ќе побараат одговори за тоа како ќе се решава нивниот проблем.

— реклама —

Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема – вели Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари.

Тој посочува дека имаат уцени и невидени притисоци за да се откажат од денешниот протест, но посочува дека нема да потклекнат.

— реклама —

Македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема.

Поддршка на овој протест ќе дадат и од Здружението на лозари од Тиквешијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања