Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Тужба за Спасовски и барање за обесштетување на граѓаните поради непотребните финансиски трошоци за издавање на личните исправи, најави Јанушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
spasovski

„Поради неодговорноста и измеќарскиот однос на СДС, граѓаните се доведени во ситуација да бидат во притвор во сопствената држава. Имено, изминатите години, надлежните институции, пред се МВР предводено од Спасовски, свесно работеле против интересите на државата и граѓаните, за сега да има целосен крах во издавањето на патни исправи поради што граѓаните не можат да ги остварат своите основни слободи и права“, најави Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

Ова е директно нарушување на човековите и граѓанските права на секој поединец во Македонија, затоа што некој ја злоупотребил својата должност и несовесно работел во службата. Оливер Спасовски е директно одговорен за ова, бидејќи со години наназад набавувал обрасци за лични и патни исправи и истите ги издавал, иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност.

— реклама —

Со тоа, Спасовски не само што го оштетил државниот буџет, туку ги оштетил и граѓаните кои денес се соочуваат со ограничување на движењето и материјална штета. За ова ВМРО-ДПМНЕ во име на сите граѓани ќе побара кривична одговорност од Оливер Спасовски, затоа што граѓаните кои извадиле пасош во период од 2018 година па до денес, а на кои државата не им издала соодветна патна исправа, се директно оштетени и доведени во омаловажувачка позиција да не можат да ги уживаат своите права.

— реклама —

Воедно во име на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тужба со цел обештетување на граѓаните кои свесно од страна на ова влада на ДУИ и СДС беа изложени на непотребни финансиски трошоци.

— реклама —

Почитувани, ова покажува дека оваа власт на ДУИ и СДС е жив зијан за граѓаните. СДС и Ковачевски треба да се засрамат и да им се извинат на граѓаните за овој хаос. Најмалку што може да направат е да ги прифатат измените на законите за лични документи и за безбедност во сообраќајот во итна постапка во Собранието, како прв чекор, за да ја ублажат катастрофата кои ја предизвикаа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања