Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги одреди претседателите на собраниските Комисии. Според информациите до кои дојде ТВ 24, распределбата изгледа вака:
Комисијата за транспорт и врски ќе ја предводи Владо Мисајловски, со Комисијата за финансии ќе раководи Тимчо Муцунски.
Претседател на Комисијата за еднакви можности ќе биде Благица Ласовска, а за надворешни работи - Антонио Милошоски.
Со Комисијата за труд и социјала ќе раководи Рашела Мизрахи, додека Комисијата за следење на комуникации и надзор на работата на Агенција за надворешна безбедност и Агенција за разузнавање ќе бидат раководени од Игор Јанушев и Љупчо Пренџов.
Комисијата за земјоделство ќе ја раководи Љупчо Димовски, додека со Националниот совет за евроинтеграции ќе раководи Александар Николоски.