Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Уапсен 56-годишник во Делчевско: Фатен во незаконит лов со оружје за ноќно ловење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-libraryfjmk12rh7ago3K5lxsr

Педесет и шестгодишен жител на делчевското село Град е лишен од слобода откако бил затекнат при незаконит лов, со ловечко оружје приспособено за ноќно ловење.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 20 ноември 2026 година, околу 20 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток извршиле контрола на терен во атарот на селото Град.

— реклама —

При проверката, во нива бил затекнат 56-годишниот А.А. додека вршел незаконит лов. Според полицијата, тој користел ловечко оружје кое било приспособено за ноќно ловење.

— реклама —

При прегледот кај него биле пронајдени и одземени патрони од 12 милиметри, како и чаура од испукан патрон со ист калибар. Од МВР информираат дека за патроните и оружјето лицето поседувало дозвола.

— реклама —

За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања