Руската безбедносна агенција објави дека уапсила амерички државјанин кој е осомничен за шпиунажа.
Пол Вилан уапсен е во Москва на 28 декември под обвинение за шпиунажа.
За сега нема никакви детални информации, а Би-Би-Си вели дека доколку се докаже дека е виновен му се заканува казна затвор од 10 до 20 години.
Америка се уште не даде коментар за ова апсење.