Промени тема
Контакт

Уапсен бугарски државјанин откако со автомобил удрил македонски државјанин во Ротердам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Триесет и едногодишен државјанин на Македонија е повреден откако во текот на ноќта меѓу саботата и неделата бил удрен од автомобил на патот Масвлакте во Ротердам.

Според холандскиот портал „Хедлајнер“, повредениот по несреќата бил свесен и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болница. Како мерка на претпазливост, на местото на настанот бил повикан и хеликоптер за итна медицинска интервенција.

— реклама —

Холандската полиција го привела 41-годишниот возач, државјанин на Бугарија, кој исто така се здобил со повреди. Неговото возило е одземено за потребите на истрагата.

Истражните органи утврдуваат како дошло до инцидентот и дали претходно меѓу двајцата имало расправија.

— реклама —

Засега не е познато под кои околности дошло до нивниот контакт, ниту што довело до ескалација на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања