Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Уапсен е најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
–-Google-Chrome-1

Бразилската полиција во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап,бил лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

— реклама —

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на „Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

— реклама —

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања