Промени тема
Контакт

Уапсен гевгеличанецот кој од полициска станица украл марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
UaYct-

34-годишниот Г.Ј. од Гевгелија вчера бил уапсен за кражба од 29 ноември, кога со употреба на сила влегол во полициската станица во Гевгелија и украл марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот, со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Канабис сатива и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Канабис сатива“, се вели во соопштението од МВР.

— реклама —

Против него е поднесена кривична пријава за кривичните дела Тешка кражба, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Загрозување на сигурноста.

— реклама —

Од МВР додаваат дека при претресот во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети, тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници. Бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања