Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Уапсен главниот уредник на независниот руски медиум „Новаја газета“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarybrdumi9ekatu2eCJtdr
Photo by Klaus Wright on Unsplash

Уредникот на рускиот независен весник „Новаја газета“, Сергеј Соколов, денеска беше уапсен во Москва, а истражителите извршија претрес во неговиот дом, соопшти редакцијата, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Според весникот, Соколов е приведен во рамките на случајот против неговиот колега Олег Ролдугин, кој беше уапсен во април под сомнение за „злоупотреба на лични податоци“. За ова кривично дело во Русија е предвидена затворска казна до 10 години. Ролдугин се наоѓа во домашен притвор и го очекува судењето.

— реклама —

„Новаја газета“ е основана во 1993 година и е позната по истражувачките текстови за корупцијата и критичкото известување за руската политика.

— реклама —

Поранешниот главен уредник на весникот, Дмитриј Муратов, ја подели Нобеловата награда за мир во 2021 година. Тој наградата им ја посвети на шестмина свои колеги кои беа убиени поради својата новинарска работа.

— реклама —

По почетокот на војната во Украина во 2022 година, Русија ги заостри законите за цензура и го зголеми притисокот врз независните медиуми. Според организацијата „Репортери без граници“, во земјата во моментов се затворени 50 новинари и медиумски работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-librarykhknj2k78jkk0C2FKUq

Повеќе од 850.000 луѓе во Украина останаа без струја по руските напади

Свет | пред 16 часа

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 1 ден

media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања