Германската полиција притвори двајца турски и еден македонски државјанин кои се сомничат за поврзаност со џихадистичката организација Исламска државапод, пренесуваат турски медиуми .
Тројца уапсени се на возраст од 21, 22 и 24 години, и како што се препоставува, планирале да извршат терористички напад во западниот дел од Германија со употреба на огнено оружје и експлозив.
Главниот осомничен, 24-годишен германски државјанин со македонско потекло и според истрагата ги купил супстанциите потребни за изработка на бомби и исто така се обидел да купи пиштоли. Другите двајца осомничени се турски државјани.
Во операцијата за апсење на осомнитечните биле ангажирани околу 170 припадници на германските безбедносни служби.
фото: rt.com