„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уапсен македонски разузнувач во Белгија: Мислејќи дека го следат руси, уништувал документи со што ја зaтнaл канализација во хотелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skandl

Претставникот на Агенцијата за разузнавање во рамки на Постојаната Мисија на Македонија во ЕУ со седиште во Брисел e повлечен после само една година од својот дипломатски мандат. Повлекувањето, според дипломатски извори следува откако дел од земјите чии дипломатите имале контакти со претставникот на АР се пожалиле на неговиот агресивен пристап при средбите кои ги имале со него на билатерални или мултилатерални настани, објави Инфомакс.мк

— реклама —

Иако директорот Ерол Муслиу силно застанал зад него при именувањето на овој претставник во Брисел и по првичните негови реакции сеуште стоел во негова одбрана, сепак набргу потоа следувал уште еден скандал кој ја прелил чашата и за Муслиу.

Претставникот на Агенцијата за разузнавање завршил зад решетки, односно бил уапсен од белгиската полиција заедно со уште еден свој колега дојден од Скопје поради панично и сомнително однесување по белгиските улици.

— реклама —

Двајцата биле присутни на настан организиран од НАТО поврзан со руското влијание во Европа и на Балканот. Откако ја одржале својата презентација кај нив настапила параноја дека се следени од група агенти на руските служби.Во оваа малку трагикомична ситуација двајцата започнале да ги уништуваат службените документи и презентацијата во хотелот во кој престојувале, а кој се наоѓал во непосредна близина на седиштето на НАТО. Откако дел од документите ги пуштиле во тоалетната школка во хотелската соба и ја заглавиле целата канализација на хотелот, со другите документи излегле на улица и започнале со нивно кинење и фрлање по кантите за отпадоци, објави ИНФОМАКС.мк

Текстот во целост на: Инфомакс.мк

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања