Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Уапсен насилникот кој ја тепаше и давеше сопругата среде Скопје, дома со нож им се заканувал на сопругата и ќерката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryfkcfusubsf9q8Ryzqfq
Илустрација / Скопје1

Министерството за внатрешни работи информира дека со брза и координирана реакција на полициските службеници бил приведен 48-годишен жител на Велес осомничен за семејно насилство врз сопругата и малолетната ќерка.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 29 мај околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено од очевидец дека на подрачјето на Општина Центар маж физички ја нападнал својата сопруга. Веднаш по пријавата биле преземени мерки за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвата.

Со полициските проверки било утврдено дека станува збор за лица од Велес, по што во потрагата и постапувањето се вклучиле и полициски службеници од СВР Велес.

— реклама —

Откако Џ.Б. (48) заедно со својата 43-годишна сопруга се вратиле во семејниот дом, тој повторно извршил физички напад врз сопругата и нивната малолетна ќерка, при што им упатувал закани со остар предмет.

— реклама —

Благодарение на брзата реакција на полицијата, осомничениот бил лишен од слобода во 21 часот. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

— реклама —

Од МВР упатуваат апел до граѓаните веднаш да пријавуваат случаи на семејно насилство, без разлика дали се жртви или сведоци, со цел навремена реакција и обезбедување заштита на загрозените лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања