Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уапсен сообраќаец кој барал митo да не пише казна за прекршок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nake-kulev

Скопски полицаец барал мито од 100 евра за да не пише казна за наводен сообраќаен прекршок, но бил уапсен откако граѓанинот на кој му биле барани пари го пријавил во полиција.

— реклама —

Министерот Наќе Чулев на својот ФБ профил откри дека од слобода е лишен полицискиот службеник Б.Џ. и кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари кои биле кримтехнички обработени.

„По примена пријава од страна на граѓанин, а во координација со надлежен обвинител за гонење на организиран криминал, Единицата за корупција во Министерството за внатрешни работи по претходни добиени сознанија го лишиле од слобода полицискиот службеник Б.Џ. и при извршен преглед кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари.

— реклама —

Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување.

Вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврска и се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги повикувам и охрабрувам граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници“, напиша министерот Чулев на својот ФБ профил.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања