Промени тема
Контакт

Уапсен заменик на моќниот генерал на Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
putin

Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.

— реклама —

Комерсант пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење на висок функционер во руската одбрана од април, кога заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.

— реклама —
— реклама —

Оттогаш, уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, началник на Генералштабот во Министерството за одбрана и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58-ма армија. Низата апсења доаѓа во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија, откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец, заменувајќи го со Андреј Белоусов.

— реклама —

Инаку, во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубљи. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
putin-5190

Путин тврди дека по бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО почнала да преовладува политиката на сила

Свет | пред 2 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Свет | пред 2 дена

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања