Уапсена турска поп пејачка поради шега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Турската поп пејачка Ѓулсен е уапсена поради „поттикнување омраза и непријателство“ поради шега на сметка на турските верски училишта.

— реклама —

46-годишната пејачка, чие целосно име е Ѓулсен Чолакоглу, беше однесена од нејзиниот дом прво на сослушување во Истанбул, а потоа и официјално уапсена, а ќе остане во затвор до судењето.

— реклама —

Апсењето предизвика контроверзии на социјалните мрежи.

— реклама —

На концертот во Истанбул во април, Ѓулсен изјави дека „перверзијата“ на еден од нејзините музичари се должи на тоа што тој одел во верско училиште.

Неодамна таа снимка од концертот почна да кружи на социјалните мрежи со хаштаг кој повикува на нејзино апсење.

Ѓулсен се извини за навредата, но рече дека нејзиниот коментар го искористиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.

За време на испрашувањето, таа ги отфрли обвинувањата за поттикнување омраза и непријателство, велејќи им на судските власти дека има „најголема почит за вредностите и чувствителноста“ на нејзината земја.

Барањето да се ослободи од притвор во очекување на судењето беше одбиено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања