Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уапсени девет возачи: тројца возеле без положен испит, шестмина под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarycsh1i936ka910S4pYET
Скопје1.мк

Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од приведените, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за 31-годишен жител на Арачиново, 35-годишен жител на Умово, општина Студеничани, и 27-годишен жител на Виница.

— реклама —

Останатите шестмина управувале возила под дејство на алкохол, при што предизвикале сообраќајни несреќи. Меѓу нив се 42-годишен жител на Тетово, 60-годишен жител на Скопје, 42-годишен жител на Кичево, 19-годишен жител на Злеово, Радовишко, 26-годишен жител на Брајковци, Валандовско, и 19-годишен жител на Пирок, Тетовско.

Од МВР посочуваат дека 19-годишникот од Пирок, покрај тоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа, немал ниту возачка дозвола.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi6biak62q58u266VqoE

Приведен 31-годишен Охриѓанец по пријава за физички напад врз девојката

Македонија | пред 8 минути

— реклама —
media-library9uakem203nc88ewqwYz

Жена од Скопје пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит-пазар

Скопје | пред 31 минута

media-libraryu3t6m8j4fjacfNjc8XP

Кривична за Кочанец: Тропал на нејзината врата и ѝ испраќал заканувачки пораки по расправија за сообраќаен прекршок

Македонија | пред 1 час

media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања